Заев: Околу 2 милиони евра од Шестиот пакет мерки се наменети за поддршка на компаниите

 
Од исклучителна важност е поттикнување на ликвидноста на стопанството. Околу 2 милиони евра од Шестиот пакет мерки се наменети за поддршка на компаниите кои ја реинвестирале добивката од 2020 година, напиша премиерот Зоран Заев на својот ФБ профил.
 
Во објавата додава дека мерката која ќе се реализира преку Развојната Банка, ќе им помогне на компаниите да ја зголемат ликвидноста, да ги реализираат своите инвестициски планови и да продолжат со својот развој, преку субвенционирање на каматни стапки.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.04.2021 - 12:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега