Заев: Пописот го одложивме бидејќи Мицкоски и опозицијата бараа да биде одложен
Премиерот Зоран Заев, уверува дека пописот на население ќе се спроведе во април слендата година и ново одложување нема да има.
Заев на неговиот профил на Фејсбук објаснува дека пописот еднаш бил одложен по барање на опозицијата неколку месеци пред пандемијата.
Тој смета дека пописот и резултатите никако не влијаат на Уставот, на Рамковниот договор, или слично.
Одговорност да се излезе на попис има секој граѓанин, смета премиерот.
-Пописот треба да се спроведе заради рамномерниот развој, економските параметри, статистиките кои ни требаат во државата. Има правила Евростат и треба да ги почитуваме до крај. Април 2021 е месецот за спроведување на пописот, истакнува Заев.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа