Заев: Порано бев протестант, но сега сум православен

Премиерот Зоран Заев во големата животна исповед за српскиот Курир, меѓу другото кажа дека бил протестант, а дека потоа преминал во православието.

-Голем вреник сум, голем. Секоја требта недела наутро одам на служба во манастирот Водоча кај Струмица, секој православен празник го почитувам. Моето семејство изгради повеќе од 15 цркви, сега градиме голем храм во Струмица со други бизнисмени, 54 метри висок. Помогнав во изградбата на неколку џамии во Македонија, За мене сето тоа е Божји дом - вели Заев.

А, потоа раскажал дека неговото семејство било протестантско.

-Моето семејство беше протестантско. И мајка ми и татко ми кога беа млади. На почетокот на 90-те сите влеговме во православната црква, двајцата чичковци се погребани по православни обичаи. Крстен сум во 1999 година, кога требаше да станам кум на мојот другар. Веќе бевме во провославната црква, но не бев крстен. Се венчавме во црква, децата ми се крстени - истакна Заев.

16.06.2021 - 15:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега