Заев повторно ќе биде кандидат за премиер: Топката е кај граѓаните

На претстојните предвремени парламентарни избори, Зоран Заев повторно ќе се трка за премерското место.

-Јас ќе ја водам кампањата, јас ќе бидам кандидат за премиер, секако за тоа ќе треба да одлучат органите на партијата и коалицијата, но јас сум кандидат за премиер. Јас сум радосен што на трети декември ќе се посветам на партијата. Ќе се посветам за да се понудам уште еднаш на граѓаните. Јас барам нов, чист, цел мандат за да продолжиме, рече Заев пред новинарите.

Вели топката сега е кај граѓаните.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.10.2019 - 15:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега