Заев повторно најавува дислоцирање на спомениците: Ќе ги ставиме на полјана близу Скопје и ќе направиме музеј

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев повторно најави дислоцирање на спомениците од Скопје 2014 година. Тој на денешниот митинг во Карпош рече дека тоа не чинело пари.

-Заедно Владата и Градот Скопје под раководство на Шилегов сите споменици во центарот на Скопје ќе ги дислоцираме во полјана близу до Градот Скопје и ќе направиме музеј од споменици. Тоа може државата да го поднесе, не чини пари и ќе го реализираме за да остане симбол дека Скопје е прогресивно, дека Скопје слуша, дека Владата слуша и постапува по укажување на граѓаните. Овој период сме исправени сите пред нешто што е наша реалност и што беше реалност и пред четири години. Сите можете да направите паралела што се случуваше овие четири години и да се навратите на претходните 11 години и да се запрашаме сите, сакаме повторно кавги со соседите, со целиот свет? Или сакаме пријателство и да одиме напред, рече Заев.

 

28.10.2021 - 21:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега