Заев прифати меѓународна истрага за случаите „Монструм“, „Диво Насеље“ и Алмир Алиу

Постигната е согласност Владата да испрати официјално барање до Европската Комисија со кое ќе побара тим од независни експерти кои ќе извршат меѓународна истрага на процеси за кои постојат сомневања дека врз нив било вршено политичко влијание, изјави Заев на заедничката прес-конференција со Африм Гаши од Алтернатива.

Гаши побарал Меѓународна истрага за неколку процеси, во кои се осудени Албанци, бидејќи смета дека судиите носеле пресуди со предрасуди за етничката припадност на обвинетите.

„ За првпат се случува Владата да достави барање до Европската комисија за да направат меѓународно истражување на случаите. За жал, последните 30 години постоеле сомнежи околу судските одлуки. Имало сомнежи за политичко влијание. Нашата цел е да нема незадоволство меѓу заедниците, бидејќи судија тргнал со предрасуди за етничката припадност на обвинетите. Нас не задоволува правда, тоа можеме да го направиме како Влада, да доставиме барање до ЕК и да спроведеме постапка“, кажа Гаши.

05.12.2021 - 15:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа