Заев: Прв пат со СДСМ граѓаните видоа дека можат да сметаат на својата државата

Претседателот на СДСМ и носител на кандидатската листа во изборната единица 4, Зоран Заев, вечерва имаше обраќање на граѓанска трибина во Крива Паланка, заедно со генералниот секретар и носител на листа во изборната единица 3 Љупчо Николовски, и претседателот на Комисијата за здравство на СДСМ, Венко Филипче.

Осврнувајќи се на сработеното изминатите три години и пресвртот кој го донесе Владата предводена од СДСМ, Заев истакна:
„Ја исполнивме и втората стратешка цел после 15 години чекајќи земја кандидат да добиеме одлука за почеток на преговорите. Добивме одлука за почеток на преговорите, сега имаме само пријатели на секаде околу нас, сега имаме само ветар во грбот. Во ова време кога докажавме дека можеме, и направивме економски бум во државата, и инфраструктурен и во поддршка  на човечките ресурси. Сега кога имаме помош од целиот свет, кога соседите ни се пријатели, кога имаме фронт, имаме бришан простор пред нас.  Можеме почитувани граѓани, можеме и повеќе и подобро“, додаде Заев.
Тој пред граѓаните истакна дека очигледна е разликата каде беше државата пред три години, а каде е сега.
За разлика од 11-те години режим, СДСМ носеше храбри одлуки и решаваше проблеми. Направивме пресврт. Ја внесовме земјата во НАТО. Истовремено создаваме здрава економија. Подготвени сме да го поддржиме стопанството и граѓаните во тешки времиња на здравствена епидемија. Имаме капацитет. Ја решаваме сиромаштијата и ги помагаме граѓаните во време на криза. Прв пат народот виде дека може да смета на својата држава, изјави претседателот Зоран Заев на граѓанската трибина која караванот на Коалицијата Можеме, вечерва ја одржа во Крива Паланка.
 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.07.2020 - 21:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега