Заев: СДСМ ја презема црвената боја, бојата на одлучноста, енергијата, победата

На 25. Конгрес, СДСМ ја впишува црвената боја, како своја боја, бојата на социјалдемократијата, на победата, на левицата, бојата на слободата, бојата на животот, бојата на македонската иднина, кажа лидерот на СДСМ, Зоран Заев на денешната прес-конференција по одржувањето на 25. Конгрес на партијата.

„Новиот лик на СДСМ не се случи преку ноќ - заедно, напорно работевме сите наши членови во годините наназад и успеавме. Денес, имаме силен СДСМ, динамичен, моќен, цврст, стабилен, прогресивен.

Тоа е нашиот бренд. Цврст, моќен и прогресивен СДСМ, партија и организација која ги следи најновите европски патокази на Европската социјалистичка партија“, кажа Заев.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.10.2020 - 16:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега