Заев: СДСМ не изгуби од ВМРО-ДПМНЕ – ние добивме жолт картон од нашите гласачи

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев вечерва во гостувањето на ТВ 21 рече СДСМ не загубила од ВМРО-ДПМНЕ туку дека неговата партија добила жолт картон од своето гласачко тело.

-СДСМ не изгуби од ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ како и да го споредувате со било кои претходни избори е понизок со бројот на гласови. Коце Трајановски имаше 101.000 гласа во 2017, Шилегов имаше 141.000 гласови. Данела Арсовска сега или ВМРО-ДПМНЕ имаат 85.000 со сѐ Алијанса на Албанците кои гласаа за Данела Арсовска. Дури споредените гласови на ВМРО-ДПМНЕ ако се минусираат со тие од АА се помалку дури и од лани. Лани имаа некои 79.000, сега имаат 78.000 минус Алијансата. Тоа е јасно. ВМРО-ДПМНЕ не што држи константа, туку паѓа, континуирано паѓа. Проблемот е што ние го добивме нашиот жолт картон од нашите гласачи, рече Заев, додавајќи дека нема незадоволство од завршените инфраструктурни проекти во Град Скопје, но демократијата и слободата си го направило своето, па затоа многу гласале за независните кандидати.

 

21.10.2021 - 21:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега