Заев: Се очекуваат најмногу 50 повратници од ИД- Развивме комплетни програми за ресоцијализација

 

Развивме комплетни програми за ресоцијализација и мислам дека сме една од првите земји во процесот на ресоцијализација на членови на семејствата и на репатрирани борци на терористичката група Исламска држава, што следи по издржувањето на затворските казни, кои се високи по стандардите на државите сојузници, изјави премиерот Зоран Заев.

Запрашан за ресоцијализација на вратните борци од Исламска држава и нивните семејства, тој појасни дека за тоа информираа и Владата и надлежните институции пред се Коориднативниот центар за борба против тероризмот, радикализмот и екстремизмиот, што заедно со МВР, Бирото за јавна безбедност и со целосна организација на Агенцијата за национална безбедност помогнати од  Агенциајта за разузнавање, прво покажаа „капацитетност да организираат една ваква репатријација, односно пренесување на наши граѓани коишто биле терористички борци во ИСИС во Сирија“.

– Беа доведени четворица такви терористички борци, пет жени и 14 деца и секако тие со сите докази коишто се претходно обезбедени и се јасни, веќе се во судски постапки и се со одлуки на надлежен суд. Децата и жените се веќе сместени, секако согласно обврските, 14 дена во изолација и карантин, како што тоа го налага самиот закон. По сопствена волја ги помининуват сите здравствени прегледи. Развивме комплетни програми за ресосцијализација и мислам дека сме една од првите земји за ресоцијализација на членови на смејства, па дури и на повратници по издржување на казната затвор, затоа што казните се високи по стандардите на земјите со коишто сме парнтери, членки на НАТО и сојузници. Но, секако еден ден ќе завршат таквите казни и треба да имаме програми за ресоцијалциазација, рече Заев.

Тој додаде дека тие програми се состојат од начини на изнаоѓање на работни места на самите лица, но и на членови на нивното семејство, од прецизна психолошка и социјална поддршка на самите лица и на членовите на нивните семејства, социјални програми од апсект на враќање во нормала на нивниот живот и стабијлзирање на самиот човек, но и на сите членови во неговото семјество.

– Се надевам дека ќе имаме доволно капацитети да спроведеме успшено за да не се мотивираат повторно граѓани ,од кои било причини, да се враќаат на таквите недозволиви боишта, изјави Заев по означувањето на почетокот на изградбата на клучката помеѓу булеварите „Никола Карев“ и „8 Септември“ кај Момин Поток.   

Тој не очекува дека ќе има поголема бројка на повртаници од Исламска држава.

– Ги знаеме кои се точно луѓето, ги имаме по список со институциите, значи ги знаеме точно кои се, се обидуваме секогаш заедно со помош и поддршка пред се на нашиот најголем стратешки партнер САД, но и на другите сојузници да организираме нивно враќање и повторно вклучување во системот во својата матична земја, затоа што хуманиот аспект мора да биде секој пат вграден. За сите тие бројки што ги гледаме во извештаите – некаде се 46, некаде се 50 луѓе, секако дека имаме капацитет како држава, како институции и како систем да развиваме комплетни програми за нивно пронаноѓање и враќање во државата, пред се мислам прво на семејствата, секако на жените и на децата, а по издржувањето на казните и на тие терористички борци коишто учествувале во ИСИС, додаде премиерот Зоран Заев. 

20.07.2021 - 13:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа