Заев се огласи за полициската бруталност во Битола: Таквото однесување е срамно за полицијата

Премиерот Зоран Заев денеска преку социјалната мрежа Фејсбук се огласи за полициската бруталност во Битола врз неколку Роми, за што вчера беше објавено видео.

-Бруталноста од страна на полициски службеници врз граѓани Роми, што ја видовме вчера во видеото на социјалните мрежи, е за најсилна осуда. Таквото однесување е срамно за полицијата, ја заслужува осудата која пристигна од јавноста, напиша Заев.

Ја повика внатрешната контрола во МВР да го расветли случајот.

-За поздравување е што Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи го утврди идентитетот на учесниците на овој исклучително немил настан, и очекувам дека многу бргу, по утврдените околности да следува целосна одговорност и соодветна казна на сите инволвирани во случајот. Вложивме многу во менувањето на ликот и однесувањето на полициските службеници и нема да дозволиме, дури и вакви изолирани случаи, да поминат без одговорност и соодветна казна, напиша Заев.

Бруталноста од страна на полициски службеници врз граѓани Роми, што ја видовме вчера во видеото на социјалните мрежи, е...

Posted by Zoran Zaev on Thursday, 24 September 2020

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.09.2020 - 09:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега