Заев: Сега со Филипче ќе имаме повеќе време да возиме мотори

Зоран Заев денеска на прес-конференција по договорот со Алтернатива, коментираше за Венко Филипче, со оглед дека тој во иднина нема да биде министер за здравство, затоа што со тоа место ќе раководи Алтернатива.

Заев кажа дека сега Филипче ќе стане поголем другар со него, и дека ќе имаат време да се посветат на страста на возење мотори.

„Новите министри и новата влада нема да дојдат со мене како премиер, ќе дојдат со нов иден премиер на владата. Делот на здравство министерот Венко Филипче сега ќе стане подругар со мене, ќе имаме повеќе време да возиме мотори. Затоа што кога работите, немате време за тоа. Тоа е мој пријател, покрај тоа што е соработник. Како неврохирург може да биде корисен за здравјето, но има одлични знаење кои може да бидат употребени во периодот на општествено ниво. Доколку новите кадри кои доаѓаат и новиот премиер не сметаат на него, јас сметам на него“, рече Заев.

 
05.12.2021 - 14:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега