Заев: Секој треба да си понесе одговорност, правосудната реформа е најважна

Не е во ред премиерот да се меша во правосудството. Ние ќе создадеме одлична легислатива. Борбата против режимот не ми вреди ако не ја оправиме државата, дециден е премиерот Зоран Заев во вечерашното гостување на ТВ21.

– Правосудната реформа е најважна за правда, за раст на економијата и привлекување на инвестициите. Планот е храбрите реформи да продолжат. Законите што ги носиме се добри, и Венецијанска комисија потврди. Неколку закони поминаа со консензус. Едно е транспарентноста, второ е продуцирање на кадри преку Академијата, трето е одговорноста. Секој треба да си понесе одговорност и политичари, и судии и обвинители, па и граѓаните, но истовремено да понесат бенефит за успесите што ги постигнуваат, вели Зоран Заев, премиер на Република Северна Македонија во интервјуто за ТВ 21 кое се уште е во тек.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.04.2019 - 22:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега