Заев си заминува по говорот на Пендаровски

Премиерот Заев најверојатно ќе ја поднесе својата оставка веднаш по годишното обраќање на Претседателот Пендаровски во Собранието. Како што јавува ДВ повикувајќи се на свои извори во СДСМ, планот на Заев е да си замине пред крајот на годинава за да остави со почетокот на новата доволно простор за да може новата Влада да се формира некаде до средината на идниот месец.
Иако постои договор меѓу Заев и Гаши и натаму останува под знак прашалник како ќе се постави Алтернатива имајќи го предвид неуспехот на Владата во процесот на интеграции и засилениот опозициски притисок кој ќе дојде по официјалната потврда за ново вето за првата меѓувладина конференција.


15.12.2021 - 10:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега