Заев следната недела на средба со Столтенберг во седиштето на НАТО

Премиерот Зоран Заев на 8 октомври во седиштето на НАТО во Брисел ќе се сретне со генералниот секретар на Северноатлантската алијанса Јенс Столтенберг.

Како што соопшти прес-службата на НАТО, Заев ќе биде придружуван од министерката за одбрана Радмила Шекериснка и шефот на дипломатијата Бујар Османи.

Предвидено е по разговорите, Столтенберг и Заев да одржат заедничка прес-конференција.

Република Северна Македонија во март годинава стана 30 полноправна членка на Северноатлантската алијанса

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.10.2020 - 17:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа