Заев следната недела си дава оставка од функцијата премиер?

Зоран Заев следната недела ќе ја активира својата оставка од функцијата премиер, ако Бугарија во четврток на Советот за општи работи во Брисел, повторно стави вето за почеток на преговорите со ЕУ, пренесува „Слободен печат“, повикувајќи се на извори од кабинетот на Заев.

 Ако, пак, на Самитот на ЕУ има позитивни сигнали, Заев ќе замине од Владата најдоцна до 15 јануари, како што веќе најави. Бидејќи нема никакви надежни информации дека Софија ќе го тргне ветото и дека, сепак, ќе даде зелено светло за Македонија да ги почне преговорите со Европската Унија, речиси е извесно дека Заев следната недела ќе замине од функцијата претседател на Владата, пишува „СП“.

На внатрепартиските непосредни избори во владејачката СДСМ што се одржаа вчера, Димитар Ковачевски однесе убедлива победа над противкандидатите Јован Деспотовски и Фросина Ременски и стана новиот претседател на СДСМ – на местото на Заев – и тој, според најавите, ќе биде и новиот мандатар. Ако се случи тоа, тогаш најверојатно ќе се забрза со изборот на новата влада, сега засилена со новиот партнер Алтернатива.

13.12.2021 - 15:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега