Заев: Со Амди Бајрам имавме принципиелна соработка за многу важни процеси од значење на државата

Со големо жалење ја примив тажната вест за смртта на Амди Бајрам. Во мое име, и во име на Владата на Република Северна Македонија, упатувам изрази на длабоко сочувство за оваа голема загуба, порача премиерот Зоран Заев по смртта на поранешниот пратеник.

„Со Амди Бајрам, како долгодишен претседател на Сојузот на Ромите од Македонија и пратеник, имавме принципиелна соработка за многу важни процеси од значење на државата и за заедницата на Ромите во нашата земја. Во овие денови на длабока жалост, се надевам дека зборовите на искрено сочувство ќе бидат утеха за големата загуба за неговото семејство и пријателите“, порача Заев.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.10.2020 - 17:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега