Заев со честитка: Со отворени срца да прифатиме дека оваа година ќе се лишиме од традицијата во име на идните празнувања

На сите православни верници во нашата земја, на Синодот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, и на сите свештеници и монашки братства и сестринства во манастирите во нашата земја им го честитам денешниот празник Богојавление – Водици, се вели во празничката честитка на премиерот Зоран Заев.

-Со овој празник кој се слави во име на осветувањето на водите, во име на Христовото крштевање во реката Јордан, кога се јави Бог како бел гулаб, се осветува сè: водата и воздухот, природата и сите созданија, целата земја и сета вселена за очистување на човековата природа која со крштевањето станува нова твар и започнува нов живот, нова можност за обнова на високите универзални хуманистички вредности што ги споделуваме во нашата заедница.

Како никогаш досега, во услови на пандемијата со ковид-19, овој празник силно нѐ повикува да го просветлиме нашиот ум, да се очисти нашето срце и да се облагороди нашата душа, за да ги поминеме во здравје искушенијата на пандемијата.

Оваа година да ги послушаме препораките на здравствените работници и на Синодот на МПЦ-ОА и да го прославиме празникот одговорно и со отворени срца да прифатиме дека оваа година ќе се лишиме од традицијата во име на идните празнувања на овој голем празник.

Нека е вековит денешниот ден Богојавление – Водици!- пишува Заев.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.01.2021 - 11:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега