Заев со честитка за Денот на Армијата: Нашите војници денес се рамноправен дел од НАТО, гарант за нашата стабилност и безбедност

По повод 18 август, Денот на Армијата, претседателот Зоран Заев испрати честитка до припадниците на Армијата и до сите граѓани. 

„На сите припадници на Армијата и на сите граѓани им го честитам 18 август - Денот на Армијата на Република Северна Македонија.

Она што пред 77 години, во 1943 година со формирањето на батаљонот „Мирче Ацев“ беше пркос, храброст и визија за сопствена држава и Армија, денес е реалност.

Денес, нашата Армија е рамноправен дел од најсилниот воено безбедносен сојуз, а нашите војници, рамо до рамо со 29-те армии кои се дел од НАТО Алијансата.

Со членството во НАТО, денес се обезбедени нашата стабилност и безбедност,  нашиот територијален интегритет, а нашите граници се трајно се осигурани.  Денес, припадниците на нашата Армија се гаранти и на регионалниот и светскиот мир и стабилност,

На сите припадници на Армијата им упатувам искрена благодарност за храброста, посветеноста, професионалноста и несебичниот ангажман кои го даваат во заштита на територијалниот интегритет и безбедноста на нашата држава и сите нејзини граѓани.

Нека е честит 18 август - Денот на Армијата.“ стои во честитката на претседателот Заев.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.08.2020 - 10:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега