Заев: Стечајците без 15 години стаж ќе добијат паричен надоместок

Подготвен е закон за паричен надоместок на стечајни работници на кои им недостасуваат неколку месеци за да го исполнат условот 15 години работен стаж.

– Се работи за 140.000 денари. Државата веќе помага со милијарда и 500 илјади денари. Треба да разговараме со министерот за финансии и да ги видиме сите параметри, за да ги направиме математиките. Но ќе направиме се за овие лица да земаат паричен надоместок, потенцира вчера од собраниската говорница премиерот Зоран Заев.

Тој потсети дека како Влада зеле обврска да им излезезат во пресрет на околу 13 илјади лица, коишто работеле во државни претпријатија, кои пропаднале, а луѓето останале без работа.

– Затоа се донесе Законот за материјално обезбедување на невработени лица, кои поради приватизација на претпријатијата со доминантна сопственост на државата, со услов 15 години, останале без работа. Досега тој надоместок го примаат околу 13 илјади граѓани. Но, чувството на неедкавост кај лицата кои работеле 14 години и 10 месеци или 14 години и седум месеци е сосема оправдано оти и тие како нивните колеги работеле заедно иста работа, рече Заев.

28.05.2021 - 08:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа