Заев: Тежнееме нашето општество да ги прифати во целост политиките за афирмирање на знаковниот јазик
Премиерот Зоран Заев преку денеска преку видеообраќање го честиташе Меѓународниот ден на знаковниот јазик, 23 Септември, при што порача дека тежнееме нашето општество во целост да ги прифати политиките за афирмирање и инклузија на знаковниот јазик.
– Денеска го славиме Меѓународниот ден на знаковниот јазик, користен од 72 милиони луѓе ширум светот. Одбележувањето на овој ден нè прави дел од прогресивните заедници во светот, афирмирачи на знаковниот јазик. Нашата Влада, преку политиките за промовирање на можностите на граѓаните од заедниците на глуви и наглуви, го едначи знаковниот јазик со сите други говорни јазици, наведува Заев во видео обраќањето.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа