Заев: ТИРЗ бележи рекорден квартал

ТИРЗ бележи рекорден квартал со највисоко ниво на економски активности, вели премиерот Зоран Заев.

Тој во објава на Фејсбук напиша дека очекува ваквиот тренд да продолжи и во наредните месеци.

-Извозот во вториот квартал од 2021 е 763 милиони евра, што е за 140% повеќе во споредба со истиот период во 2020 година; За 7,12% е зголемен бројот на нови работни места во компаниите-инвеститори во ТИРЗ, во однос на 2020 година. Очекуваме ваквиот тренд да продолжи и во наредните месеци со оглед на интензивните преговори за нови инвестиции од постојни и нови странски и домашни компании. Креираме нов развоен концепт на македонската економија што се базира на квалитетни инвестиции кои носат добивка за компаниите, за државата и за граѓаните, вели Заев.

 

14.07.2021 - 20:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега