Заев вечерва на средба со малите партии по договорот со Гаши

Премиерот Заев вечерва во 18 часот седнува на заедничка маса со малите коалициски партнери во Владата.
По реакциите, пред се на ЛДП и ДОМ, Заев ги викна сите дваесетина политички лидери вечерва во Владата.
ЛДП и ДОМ реагираа дека воопшто не биле консултирани при преговорите на Заев и Гаши.
“Очекувам да бидеме повикани за да ни биде презентиран овој Договор што е постигнат со Алтернатива, бидејќи ние немаме информации што содржи тој Договор и што е договорено. Очекувам да имаме разговор со Премиерот Заев и да ни биде презентирано она што е договорено. Она што е за нас како ДОМ е најважно, тоа се програмските приоритети на новата Влада, за кои немаме разговарано. Во јавноста некако одеа само позициите што се договарани и се остави впечаток дека практично Алтернатива во Владата и парламентарното мнозинство е врзана со министерски, заменички, директорски и итн. места, но за нас најважно е програмата на новата Влада, изјави Морачанин

ЛДП и ДОМ имаат 3 пратеници и само еден министер и десетина директори во пониските ешалони што е драстична разлика со она што го доби Алтернатива која со 4 пратеника има 3 министри и четириесетина директори и членови на управни и надзорни одбори.

06.12.2021 - 16:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега