Заев: Верувам дека ќе најдеме начин за употреба на новото име за Македонија

Македонија ќе се откаже од тоа да ја нарекува Егејска Македонија територијата во Грција, за Бугарите нема да учиме дека биле дел од фашистичкиот окупатор, а на Македонија ќе и најдеме ново име. Вака премиерот Заев во интервју за Антена М зборува за идните чекори во  насока на подобрување на односите со соседите.

-Ревизија…Кога се зборува за ревизија тогаш се мисли пред се да пазиме на пријателствотото. Да не употребуваме зборови како непријателство. Еве направивме ваков обид со Бугарија, таму стои бугарски фашистички окупатор од Втората Светска војна. Може да биде фашистички окупатор ако градиме пријателство да пазиме околу тоа и такви други работи. Кога се работи за оној дел на Егејска Македонија они велат северна Грција тоа е дел од Европа, да пазиме околу тие работи и зборови кои ги употребуваме. Но она што е многу важно ние имаме проблем со името. Многу е важно да се фокусираме на проблемот кој Грција го има со нашето уставно име. Верувам дека ќе најдеме ново име и начин како да го употребуваме и какво тоа ќе биде. На крај она што е многу важно за нас да најдеме решение за името затоа што не само што добиваме покана за членство во НАТО туку и старт на преговорите со Европската Унија, истакна премиерот Заев.

 

 

 

07.11.2017 - 13:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега