Заев: ВМРО-ДПМНЕ го достигна плафонот, во недела гласаме за дефинирање на иднината на државата

Доколку се следат анализите кои се јавно достапни, па дури и резултатите на ДИК покажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ го достигна плафонот, нема повеќе апсопционен капацитет кај нив поради нивните политики, кажа премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев во неговото гостување на Утрински брифинг.

 

Вели дека, од друга страна, политиките на СДСМ имаат многу поголем капацитет за апсопција на гласачи во вториот круг.

-Пред се поради нашите политики, поради евроатлантските успеси, суперлативите кои ги добиваме од европските лидери, но и поради концептот на Едно општество за сите, кажа Заев.

Рече дека огромен потенцијал на гласачи останале дома во првиот круг и ги повика да излезат и да не ја пропуштат шансата сега да бидат учесници во дефинирањето на иднината на државата.

27.10.2021 - 10:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа