Заев во дуел со Мицкоски: Ќе имаме мнозинство самите да направиме влада
Многу е важно да ја проектираме иднината, важно им е на граѓаните што ќе им понудиме, затоа во нашата кампања зборуваме за економијата, за здравството, за образованието. Ќе следува и четвртиот пакет економски мерки за да им помогнеме на граѓаните и на стопанството. Знаат граѓаните што не чека на краток рок, а што во следните четири години. Убеден сум дека ќе имаме големо мнозинство, дека ќе имаме доволен број пратеници за нова политичка влада. Ние имаме голема коалиција. Сакаме да формираме влада без да не условува некоја партија, без да влеземе во процес на уцени.
Ова вечерва го истакна лидерот на СДСМ Зоран Заев во ТВ дуелот со неговиот политички опонент, Христијан Мицкоски.
Ваквиот став Заев го аргументираше со успесите и резултатите во овие три години, кои според него, се препознаени од граѓаните.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа