Заев возврати: Црвенковски рече дека замрзнува нешто што одамна е замрзнато

Во синоќешното „Само интервју“ на Канал 5 телевизија, премиерот Зоран Заев зборуваше и за реакцијата на поранешниот претседател и основач и лидер на СДСМ, Бранко Црвенковски кој по подолго време се јави во јавност со реакција на интервјуто на Заев за БГНЕС.

Прашан дали разговарал со Бранко Црвенковски, по неговото соопштение со сериозна критика, Заев рече дека не разговарал, туку дека реагирала неговата партија со соопштение кое претходно и тој го видел, го искоординирле и го пуштиле во јавност. 

На прашањето дали тоа го доживеа како нож во грб, Заев одговори:

„Не. Како право демократско го доживеав. Еден дел ми беше специфичен. Бившиот премиер и бившиот претседател на државата се обрати кон социјалдемократите. Тој треба да се обрати кон граѓаните и да ги каже своите ставови.... Во интервјуто вели дека замрзнува нешто. Мислам, замрзнато е тоа одамна, не е сега замрзнато. Јас очекувам да имам претседатели живи и здрави овде во државата коишто ќе бидат како еден Стипе Месиќ, коишто ќе бидат како, не знам, Јосиповиќ, коишто ќе бидат активни чинители, ќе бидат коректив, ќе градат свои ставови, ќе кажуваат свои ставови. Јас го доживеав тоа како демократско право. Но, апсолутно, нормално потврдив, дека секој може да свика Централен одбор. Централниот одбор, кај нас, овие прашања ги има претресувано неколку пати“, рече Заев во интервјуто.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.12.2020 - 11:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега