Заев за Груевски: Бараме легален пат како да го вратиме во државата за да си ја отслужи затворската казна

Големо е разочарувањето и траумата кај граѓаните по блокадата на европскиот пат на Македонија, но земјата нема да бара алтернативи, вели премиерот Зоран Заев во интервју за емисијата „Конфликтна зона“ на Дојче веле. 

Сепак Заев вели дека е оптимист и дека се надева дека ќе се изнајде решение со доаѓање на новата влада во Софија.

 Зборувајќи за Груевски, Заев рече дека се бара легален начин за тој да се врати во државата.

На забелешката на новинарката дека Македонија падна на најниското место на листата за корупција на Транспаренси интернешнл и дека и понатаму стојат забелешките дека не се гони ткн. висока корупција меѓу поранешни и актуелни функционери, меѓу кои и поранешниот премиер Никола Груевски, Заев објаснува дека тоа не е вистина.  

„Унгарската влада му помогна на Груевски да избега од Северна Македонија и му даде дозвола за престој во Унгарија, што според нас, се коси со меѓународното право. Ние сега бараме легален начин како да го вратиме назад за да си ја отслужи затворската казна“, вели премиерот. 

 

21.07.2021 - 18:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега