Заев за кандидатот на Лозово: Ако се прашував јас ќе имаше друг кандидат, но граѓаните стојат зад Аце Велковски

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев вели дека граѓаните стоеле зад градоначалникот на општина Лозово, Ацо Велковски за кого медиумите објавија низа скандали за време на неговиот прв мандат.

-Истражувањата кои ги правиме се доминантни во определбата за градоначалниците. Имавме неколку пати критика и партиска, и јас како претседател на Влада кон градоначалникот на Лозово која беше прифатена и коригирана во истите моменти кога сме критикувале. Ако се прашував само јас, можеби ќе сум барал и друг кандидат. Но, кога се прашуваат граѓаните стојат доминантно зад градоначалникот Аце на Лозово, рече Заев.

Инаку Велковски стана познат по јавноста по низата обвинувања за мобинг врз општински службеници. Тој покрена дисциплински постапки против вработени, а на лотарија организирана од општината, главната награда – шпорет, ја доби неговата ќерка која се одлучи да го донира за семејство од социјално-ранлива категорија.

13.07.2021 - 22:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега