Заев за Османи: Никој не е виновен додека не се докаже со правосилна пресуда

 

Мојот став отсекогаш бил ист и продолжува да биде ист. Никој не е виновен додека со правосилна пресуда тоа не му се докаже. Ова е само истрага. Ќе сакам да ги знам деталите, ќе го следам внимателно процесот и навремено ќе преземам мои активности ако нешто е поврзано со дигнитетот на Владата, истакна премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарски прашавања во врска со новите истраги на СЈО во кои меѓу осомничените во случајот „Пациент“ се најде и вицепремиерот за економски прашања Бујар Османи.

Заев одговари и дали е вистина дека случаите на СЈО се толкуваат како притисок врз пратениците.

 

– Македонија е во еден специфичен период и сето она што се случува може и вака и онака да се толкува. Знам дека системот мора паралелно да фукнционира и работи. Не сум информиран ниту ги знам деталите за истрагите. Прочитав само од медиумите дека тоа се случува, не гледам никаква поврзаност во тоа што се случува во Собранието, затоа дебатата е транспарентна, јавна, јавно ќе се носат одлуките насекаде и верувам дека секоја институција паралелно со политичките одлуки кои се носат во државата, си носат одлуки, системот функционира и работи – рече премиерот.

 

 

 

11.10.2018 - 15:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега