Заев за „ветото“ на Пендаровски: Треба да срушиме 50.000 објекти ако не помине Законот за легализација на дивоградбите

Да се спасат 50.000 градби на граѓани кои се под прагот на сиромаштијата и не можеле да ги легализираат своите објекти со претходните законски решенија поради тоа што не можеле да ги платат своите геометриски елаборати и другите трошоци за легализација, истакна премиерот Зоран Заев, откако вчера претседателот Стево Пендаровски не го потпиша указот за Законот за легализација на дивоградбите.

Законот сега повторно се враќа во собраниска процедура, а премиерот Заев, очигледно, не се откажува од негово изгласување.

– Законот ќе се врати во собраниска процедура и предвид ќе се земат сите околности, посебно околностите кои претседателот ги наговестува во причините за непотпишување. Причината е едноставна, да се спасат 50.000 градби на граѓани кои се под прагот на сиромаштијата и кои не можеле да ги легализираат своите објекти со претходните законски решенија, поради неможноста да ги платат своите геометриски елаборати и другите трошоци за легализација. Новина во законот е тоа што за сите приматели на социјална помош бесплатно ќе се изработат геометриски елаборати и бесплатно ќе се легализираат тие 50.000 објекти. Секој друг објект, освен за примателите на социјална помош и на сиромашните, се дава можност да се легализира, колективните згради не, дополнително ќе плаќаат 50 отсто поголем надоместок отколку што би платиле при редовно добивање одобрение за градба. Со ова, се испраќа порака дека е неисплатливо да се гради на диво, односно ова е последно носење закон со конечна цел да заврши бесправното градење што го имаме од независноста на државата – истакна Заев.

Тој изјави дека ако законот не се врати во Собрание, веднаш ќе треба да почнат да се рушат овие 50.000 објекти на граѓаните.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.05.2021 - 13:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа