Заев: Заедно да дојдеме до најдобрите кандидати за локалните избори

Премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил го објави јавниот повик за самокандидирање на кандидати за градоначалници на општините и Град Скопје за претстојните локални избори што ќе биде отворен до 30 јуни.

 

– Отворени сме за сите кои имаат желба да се вградат во напредокот, да придонесат, да бидат дел од најдоброто. Во СДСМ како демократска, отворена и инклузивна партија има натпревар на идеи и програми, пишува Заев.

 

Тој додава дека ги охрабрува сите оние кои имаат висок углед и кредибилитет во локалната заедница, поддршка од сите заедници и ги почитуваат принципите и вредностите едно општество за сите граѓани и во целост ги почитуваат начелата и принципите на кои се темели СДСМ, да се пријават на јавниот повик.

– Низ транспарентен, демократски процес заедно да дојдеме до најдобрите кандидати, најдоброто за секоја општина, за секој град, пишува премиерот.

Повикот со сите детали е достапен на веб-страната на СДСМ.

24.06.2021 - 21:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега