Заев: Живеам како студент, јадам паштета и салама, не знам ни лепче да испржам

Во емисијата „Еден на еден“, претседателот на СДСМ, Зоран Заев ќе открил низа лични приказни, откриваат од Продукцијата за „Слободен печат, меѓу кои и дека Заев живее сам во Скопје во премиерската вила.

„Живеам како cтyдент во Скопје. Моето семејство е во Струмица и секој викенд одам кај нив. Имам две жeни што ми помагаат дома, но тие се на работа до 16 часот, потоа сум сам. Не знам да зготвам ништо. Не знам ни лепчиња да пржам“, открил Заев.

На прашањето на Жаре како се храни, Заев тој кажал:

„Јадам што има во фрижидерот, паштета, салама, виршли“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.02.2020 - 08:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега