Заев:Еден за сите, сите за еден, затоа што заедно сме посилни

Република Македонија  првпат учествува како горда рамноправна членка на НАТО, заедно со останатите 29 сојузници и пријатели на денешниот Самит на НАТО, напиша на неговиот фејсбук-профил премиерот Зоран Заев.

-Еден за сите, сите за еден, затоа што заедно сме посилни! Денеска се одржува НАТО Самитот, на кој Република Северна Македонија за првпат учествува како горда рамноправна членка на НАТО, заедно со останатите 29 сојузници и пријатели, стои во објавата на премиерот.

Денеска во Брисел, премиерот Заев ја предводи владината делегација составена од министерот за надворешни работи Бујар Османи и министерката за одбрана Радмила Шекеринска, на НАТО Самитот 2021.

Ова е прв НАТО Самит на кој Македонија учествува како полноправна членка и прв НАТО Самит со 30 членки.

14.06.2021 - 09:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега