Загина гевгеличанец откако со сопругата излетале од пат

54-годишен маж од Стојаково загина откако со сопругата излетале од локалниот пат с. Стојаково – с. Богородица. Инцидентот се случил синоќа околу 01:30 часот.

- Откако пристигнала екипа на Итна медицинска помош тој починал. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Гевгелија и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било дадено за обдукција, велат од полицијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.07.2020 - 11:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега