Загина млад битолчанец: Возејќи електричен тротинет, се судрил со автомобил

 

Битолчанец починал во болница по сообраќајка во која учествувал додека возел електричен тротинет.

„На 29.07.2020 во 13.49 часот се случила сообраќајна незгода на крстосницата од ул.„8 Септември“ и ул.„Арон Ароести“ во Битола, во која учествувале патничко возило „фолксваген туран“, со битолски регистарски ознаки, управувано од Ф.Ј(21) од Битола и електричен тротинет управуван од О.П(26) од Битола.

По незгодата О.П. бил пренесен во Клиничка болница Битола, каде им подлегнал на повредите“ соопштува полицијата.

Увид е извршен од увидна екипа на СВР Битола, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.07.2020 - 11:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега