Захариева за блокирањето на Македонија: Не сметајте дека некој ќе ни мавта со прст

Денес во Европа нема сомнение дека местото на Западен Балкан е во ЕУ, но треба да биде јасно дека ова е процес што зависи главно од работата на секоја од 6-те земји. Нивниот напредок се оценува со реформите и нивните индивидуални достигнувања, изјави вицепремиерката и министерка за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева, во новото интервју за Монитор.бг. 

Захариева потенцираше дека Бугарија за ова доста им помага на Македонија и на другите земји од таа група, а истакна и дека соседите често доаѓаат на одмор во Бугарија.

„Нашите соседни земји имаат единствена природа како бугарска, вкусна кујна, нудат можности и за летни и за зимски одмори - но за да ги охрабриме Бугарите да ги посетуваат, а нашите соседи сè повеќе избираат Банско, Пампорово и брегот на Црното Море, ние мора да ја подобриме инфраструктурата. Бугарија, исто така, го поддржува развојот на граѓанското општество на Балканот, медиумите, образованието и науката преку финансирање на проекти бесплатно. Одвојуваме најмногу средства на Република Северна Македонија, вели таа.

Уште еднаш повтори дека никој не може да ја притисне Бугарија да не ги блокира пристапните преговори за влез во ЕУ на Македонија.

Го повтори ставот дека ниту една земја од ЕУ не ја пристиска Бугарија да дозволи преговарачка рамка за Македонија.

„Ако некој од нашите соседи навистина мисли така, ќе му кажам дека Европската унија не работи така и не сметајте дека некој ќе ни мавта со прст. Напротив, ставот на повеќето земји-членки е дека нерешените билатерални прашања мора да се решат пред влезот во ЕУ, бидејќи имаме доволно примери за тоа како ова може да го попречи донесувањето одлуки кога сите ќе се собереме околу тркалезната маса во Брисел. Се разбира, сите земји-членки имаат национални интереси, но нашата цел е да постигнеме решение со консензус, а за тоа е потребна политичка култура на дијалог. Нашата цел е со проширувањето да ја направиме унијата посилна, а не послаба, вели таа.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.03.2021 - 11:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа