Захариевска Ралевска: Коњановски веднаш да го разреши директорот на ЈП Водовод

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски веднаш и без размислување да го разреши директорот на ЈП Водовод, Пеце Милевски, истакна на денешната прес-конференција советничката Мирјана Захариевска Ралевска од ОО СДСМ Битола

„Ревизорскиот извештај што самиот Коњановски го нарача јасно и недвосмислено покажува отсуство на податоци кои јасно и недвосмислено ги одредуваат задачите и целите на службените патувања на Милевски, отсуство на јасни и комплетни процедури за користење на службените возила во ЈП Водовод, како и отсуство на евиденција за поправките и сервисирањето на возилата што создава можност за неоправдани трошења на парите на граѓаните.

Милевски не е над законот и од одговорност не може да го спасат лелеците на неговата политичка партија. ДПМНЕ Битола колку повеќе се обидува да го спаси лидерот, толку повеќе тони во калта. Наместо во одбарана на Милевски, ДПМНЕ Битола да го охрабри нивни кандидат и сегашен градоначалник на Битола, Тони Коњановски, да расчисти со сите директори на јавни претпријатија кои работеле незаконски“, изјави советничката Захариевска Ралевска.

„Затоа, го повикуваме уште еднаш градоначалникот Коњановски да не биде нем набљудувач на случувањата. На крајот, тој ќе ја понесе најголемата одговорност што Битола ќе изгуби четири години во задоволување на партиски цели и интереси на грбот на јавните претпријатија“, додаде таа. 

09.02.2023 - 16:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега