Зајкова: Јас и мојот колега од ЛДП немавме покана да ја потпише иницијативата за недоверба на Владата

Во гостувањето во утринската емисија на „Телма“, пратеничката од ЛДП, Моника Зајкова изјави дека, таа и нејзиниот колега од истата партија не добиле никаков предлог да се приклучат кон иницијативата за гласање недоверба на Владата.

-Треба да почекаме да дојде четврток и треба да ја стабилизираме состојбата, премногу долго се разговара за оствката на Зоран Заев и треба да биде затворена тема, консултациите сеуште течат, премиерот ќе си замине и за нас е важно да имаме нов лидер со визија и да го одржува и мнозинстовото, дополни таа.

09.11.2021 - 12:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега