Законот за идниот статус на СЈО неделава во Собранието

 Новиот текст за законот за Јавно обвинителство, во кој Специјалното јавно обвинителство се интегрира во Јавното обвинителство за организиран криминал и копрупција, неделава, а мошне веројатно и утре ќе се најде пред пратениците во Собранието, пренесува МИА.

Дебата за новото СЈО стигна до законодавниот дом, откако претходно не успеа одржувањето на лидерската средба на која меѓу другото требаше да се расправа и за законот за ЈО.

Новиот текст на законот, како што посочи Заев минатата недела во себе ги вклучува голем дел од забелешките на опозицијата, а тој тогаш кажа дека за иден шеф на новото СЈО ја предлага обвинителката Вилма Русковска. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ се согласи со интегрирањето на СЈО во јавнообвинителскиот систем, но не се согласува тоа да биде предводено од Русковска.

Новото СЈО ќе се преименува во ЈО за гонење организиран криминал и висока корупција со надлежност на цела теритоија на земјата и гаранции за самостојно дејстување, кое одговара на сегашната позиција, а сепак е во хиерархија и субординација на Јавното обвинителство на Македонија.

Сите обвинители од СЈО можат да продолжат да работат во ова ново обвинителство. Нивниот мандат истекува на 15 септември, а тие имаат право на реизбор, ако сакаат да се кандидираат. Истото важи и за останатиот персонал, а архивата, опремата ќе бидат префрлени во новото обвинителство.

Заев истакна дека со ова решение ќе се обезбедат досегашната структура и ресурси на СЈО во нова форма и без каква било можност политичарите да одлучуваат за составот и раководството. Тие одлуки ќе ги носи Советот за јавни обвинители.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.07.2019 - 11:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега