Замрзнати цени на прехрамбените прозиводи - празни полици во продавниците?

Може ли да се јави недостиг на основни прехранбени производи во земјава? Владата вели не, производителите не се сигурни, пишува Сител.

Според производителите, во моментов има залихи за следните два месеци и можат да ја издржат мерката за замрзнување на цените, но што потоа.

Владата во коментов ги замрзнува излезните цени, во услови кога влезните вртоглаво растат. Поскапуваат суровините, струјата никогаш не била поскапа, а Владата не нуди решение туку отвора нови проблеми.

Иста мерка има и во Србија.Таму производителите за време на траењето на мерката не смаат да доставуваат помалку производи од годишниот просек. Тоа значи дека ќе запре извозот на српско млеко и брашно што дополнително ќе ја влоши состојбата во земјава. Министерот Бектеши  вели дека не е исклучено дел од македонските компании да го намалат или прекинат производствто, но уверува дека тоа нема да се случи затоа што државата ќе најде начин да им помогне.

Владата во саботата ги замрзна цените на лебот, брашното, млекото, свежото месо, преработките од месо, маслото, шеќерот, сирењето и урдата. На утрешната седница замрзнување ќе има и на цената на јајцата, оризот но веројатно и други производи. Мерката важи и за увозните производи, за нив трговците ќе траба да работат со помала маржа. Цените се замрзнати на нивото од 01.12. Мерката ќе важи до 31 јануари со можност за продолжување.

06.12.2021 - 17:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа