Замрзнати цените на маслото, лебот, брашното, месото - никој нема да смее да поскапува реши Владата на Србија

Владата на Србија на денешната седница донесе одлука за ограничување на цената на основните прехранбени производи: шеќер, брашно од типот Т-400, сончогледово масло за јадење, свинско месо и млеко – така што нема да го надминуваат ценовното ниво од 15 ноември 2021 година.

Ограничувањето на цените е поставено за да се отстранат штетните последици и да се спречат нарушувања на пазарот и нема да се однесува на намалените цени, како што се продажба, сезонски попусти или промотивни продажби, доколку тие важеле на 15 ноември, туку за редовните, односно цените пред намалувањето, соопшти владата на Србија.

Одлуката, ќе се применува за период од 60 денови и предвидува производителите да не смеат да ги испорачуваат овие производи во количини помали од просекот во изминатите 12 месеци.

 

30.11.2021 - 12:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега