Западнонилска треска во Грција: Докторите со вонредни совети

Пред неколку дена во соседна Грција се регистрирани случаи со Западно Нилска треска. Тамошните власти соопштија дека болеста тропнала на врата порано од очекуваното.  Бидејќи е летен период, време на годишни одмори лекарите ги советуваат граѓаните да се заштитат соодветно доколку планираат токму во Грција да го поминат својот одмор.

Доктор Катица Марангозова советува да се користат репеленти против комарци доколку патуваме во земја каде има регистрирано случаи на Западно Нилска треска, да се користат заштитни мрежи на прозорците, односно комарници, да се носи облека на долги ракави.

Симптомите на болеста според лекарите можат да поминат и асимптоматски или најчесто како грипозен синдром.

„Симптомите се најчесто покачена температура, болки во цело тело. Во поретки случаи се манифестира и појава на затегнат врат, повраќање, пореметена свест“, потенцира др. Марангозова.

Лекарите велат дека за оваа болест не постои специфична терапија на лекување. А болеста се добива преку каснување најчесто од заразен тигрест комарец.

Заштитните мерки кои може да ги превземе државата од оваа болест е редовното и успешно прскање против комарци.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.06.2019 - 19:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега