Западот ги заострува санкциите кон Северна Кореја

Северна Кореја е осомничена дека преку сајбер напади врши кражби на биткоини за да дојде до финансиски средства.

Северна Кореја на тој начин се обидува да ги спречи негативните последици од заострените меѓународни санкции против Пјонгјанг, велат експертите за сајбер безбедност, цитирани од западните медиуми.

 

Севернокорејските хакери извршиле напади на најмалку три јужнокорејски платформи за крипто валути од мај оваа година, соопшти американската компанија за сајбер безбедност и заштита од малвери ФјерАј (FireEye).

При нападите имало и еден успешен случај, кога хакерите упаднале во четири електронски паричници на берзата Јапизон со седиште во Сеул.

Локалните медиуми објавија дека во мај на Јапизон платформата украдени се повеќе од 3.800 биткоини кои имаат вредност од 15 милиони долари, иако ФјерАј тврди дека нема цврсти докази оти Северна Кореја е зад тој случај.

 

 

 

 

12.09.2017 - 14:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега