Започнува изградба на нова градинка во Расадник и ново училиште во Драчево

Општина Кисела Вода добива нова детска градинка и ново основно училиште.

Денес на страницата на Бирото за јавни набавки е распишан огласот за избор на најповолни понудувачи кои ќе ги градат двата капитални проекти, градинката во Расадник и училишниот објект во село Драчево.

Како што известуваат од општината со изградбата на јавна детска градинка во Расадник, конечно се затвораат наследените листи на чекање за упис во градинките и секое дете ќе го добие правото на остварување на предучилишно образование. Основците од селото Драчево, пак, буквално после 100 години добиваат нов училишен објект.

Имено, ООУ “Климент Охридски” е изградено во 1924 година, што укажува на неопходноста од нов објект кој би одговарал на современите потреби на денешните ученици. Новото училиште на површина од околу 5000 квадратни метри ќе се гради во непосредна близина на постоечкото, кое заради голема голема историска и сентиментална важност за жителите од Драчево, нема да биде срушено.

Денес започнува реализацијата на едно наше големо ветување пред жителите на општина Кисела Вода, кое во фокус ги има нашите најмлади жители. Во текот на овие две години интензивно работиме на обезбедување на дополнителен простор за сместување на деца во градинките, отворивме две нови, во тек на градба е уште една нова градинка, го проширивме капацитетот на повеќе постоечки објекти. Ова резултираше со значително намалување на листите за чекање на кои на почетокот имаше над 400 деца, а сега има двоцифрена бројка. Изградбата на нова градинка во населбата Расадник која ќе е протега на површина од 790м2, целосно ќе ги затвори овие непопуларни листи и сите наши дечиња конечно ќе можат да посетуваат градинка. За потребата пак од изградба на ново училиште на местото од ООУ Св. Климент Охридски, кажува фактот што овој објект годинава одбележува еден век постоење. Новиот објект ќе биде модерен, на 5000 м2 и на основците од селото Драчево значајно ќе им го унапреди образовниот процес“ - изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

09.02.2024 - 15:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега