Застрашувачко видео: Голема бела ајкула го гризаше моторот на рибарско бродче

Застрашувачки сцени од голема бела ајкула како кружи околу рибарско бротче во Австралија се фатени со камера.

Браќата Ли и Адам Фергусон неодамна тргнале во риболот. По час и половина виделе како голема бела ајкула кружи околу нивниот петметарски брод.

-Адам ја виде и мислеше дека станува збор за некоја голема риба, но јас забележав дека станува збор за морко куче, вели Ли.

Ајкулата била привлечена кон бродот од рибите кои браќата ги фрлале во морето за да намамат поголема риба. Според проценките на двајцата рибари, таа била долга околу четири метри. Велат дека пливала околу нив 15-тина минути и удирала во бродот, но го гризела и моторот. Ли во еден момент ја земал камерата и со стап ја спуштил во вода до устата на ајкулата.

Откако ајкулата не го напуштала местата, двајцата браќа се одлучиле да се вратат назад.

-Беше незгодно. Но не се чувствуваме дека сме во непосредна опасност, вели Ли.

13.07.2020 - 18:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега