Затворен аеродром во Индонезија поради ерупција на вулкан


Аеродромот Манадо е затворен поради ерупција на вулкан во северниот дел на Индонезија, соопштија индонезиските власти.

Вулканот Руанг пред два дена почна да исфрла пепел, поради што властите го подигнаа нивото на тревога на највисоко ниво на опасност од цунами по ерупцијата.

Меѓународниот аеродром Манадо, што е сто километри оддалечен од вулканот Руанг, ќе биде затворен до вечер.

18.04.2024 - 11:36

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега