Затворен објект во Лабуништа поради непочитување на одлуките за заштите од Ковид-19

Во саботата екипи од полициски службеници од ОВР Струга и инспектори од Државниот пазарен инспекторат на подрачјето на општините Струга и Вевчани извршија контрола на 10 угостителски објекти, а во врска со спроведувањето на одлуката на Владата на РСМ за заштита од вирусот КОВИД-19. Притоа, констатирано е дека еден угостителски објект во селото Лабуништа ги прекршил предвидените мерки по што, со решение од Пазарната инспекција, веднаш е затворен.

Против сопственикот ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.03.2020 - 14:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега