Затворена штипска конфекција, откако неколку работници се заразиле со коронавирусот
Една штипска конфекција е затворена по појава на пет позитивни случаи меѓу работниците и со симптоми на коронавирусот. Конфекцијата производството го прекинала вчера, по препорака на епидемиолозите од Центарот за јавно здравје-Штип.
Директорката на Центарот за јавно здравје, Марија Димитрова потврдува дека станува збор за конфекција со 80 вработени и според најавата на сопственикот нема да работи две недели, со цел да не се шири вирусот.
Во детските градинки се следи состојбата и таму по алгоритам се тестираат децата по појава на симптоми.
-Тестирани се и неколку деца од штипските градинки, кои покажале симптими, како зголемена температура и повраќање. Сите тестови се негативни, вели Димитрова.
Во регионалното Инфективно одделение во Клиничка болница-Штип за разлика од пред еден месец кога доминираа пациенти од Штип, сега поголемиот број се од Пијанечко-Малешевскиот регион, а исто така деновиве се хоспитализираат и од Кочани, каде што драстично се зголемува бројката на заразени, поради ширењето на вирусот пред се на семејните веселби.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа