Затвореник избегал додека го пренесувале од Клинички кон Идризово

Затвореник и избегал на полицијата додека бил пренсуван од Клиничкиот Центар во Скопје до затворот Идризово.

39-годишниот затвореник Фидан Асани од Идризово, со возило на затворот бил пренесен на скопските Клиники. Додека се враќале од Клиника, кај Автокоманда наводно на затвореникот му се слошило, и побарал да застанат, а возилото застанало на најблиската бензинска станица.

До полициското возило застанало друго возило марка Мерцедес и од него излегле неколку непознати лица кои ги нападнале затворските чувари и успеале да го „киднапираат" затвореникот.

Заедно со него, непознатите лица избегале во непознат правец.

Настанот е пријавен во МВР, а полицијата трага и по затвореникот и по лицата кои го „киднапирале".

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.10.2019 - 12:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега